(Галерија) Скопјани маршираа во име на толеранцијата

by Фокус 14:47
14:47

Хелсиншкиот комитет и невладината „Цивил“ организираа Марш на толеранцијата во главниот град, симболично со почеток во пет минути до 12 часот пред Музејот на Град Скопје. Преку маршот тие уште еднаш ги повикаа институциите конечно да се запознаат со делата сторени од омраза, како нападот врз ЛГБТ-заедницата во кафулето „Дамар“ и конечно да почнат да си ја вршат работата.

Претседателката на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска денеска предупреди дека дека последниве години пораснал бројот на кривичните дела од омраза.

- Advertisements -

– Сведоци сме дека е зголемена омразата кон сите оние кои по своите карактеристики се различни од мнозинството на населението во Македонија. Сведоци сме на тоа како се шири омразата преку социјалните медиуми и како е фокусирана кон сите оние групи коишто не се по ќеф на владејачката структура. Денешниот ден го посветуваме на сите жртви кои што поради својата различност биле жртви на дела сторени од омраза – изјави Пировска.

Џабир Дерала од невладина организација Цивил, која беше коорганизатор на денешниот марш смета дека говорот на омразата го промовираат највисоките институции.

– Владата во последните години практикува нетолеранција, промовира омраза против различните и ги остава неказнети делата сторени од омраза – смета Дерала.

Поврзани новости