417
Пред продолжението на седницата на Државната изборна комисија на која се одлучува по поднесените приговори, СДСМ повлече два од претходно поднесените приговори. Неофицијално, приговорите за избирачките места 1984 и 1983 се повлечени, бидејќи не можеле да ги променат изборните резултати.
Во моментов во тек е седницата на ДИК, а во меѓувреме Државната изборна комисија го одби и четвртиот приговор на СДСМ.
Пред ДИК повторно се собрани поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ кои скандираат „Македонија“, „ВМРО-ДПМНЕ“ и „Лопови“.