Кавадарчанецот Илија Делов, кој што на јавноста и е познат како раперот Били Ѕвер, кој во 2010 година ја претставуваше Македонија на Евровизија заедно со Ѓоко Танески со нумерата ,,Јас ја имам силата’’ сосема се повлече од музиката.
Тој веќе неколку години наназад сосема е посветен на пчеларството и вели дека аплаузите на публиката ги заменил со зуењето на пчелите, и тоа му донело спокој и среќа во животот.

Дел од нив биле сместени на ливада во близина на Кавадарци, а пак останиот дел високо на Кожуф планина.

По враќањето од Евросонг 2010, кој што се одржа во Осло, Норвешка, Били го издаде својот прв и единствен албум ,,Мацедониш’’ и сними многу спотови и дуети. Имаше настапи во клубови низ земјава и беше еден од најбараните рапери. Денес, живее во Кавадарци, посветен на сопругата и ќеркичката и вели дека не планира да им се враќа на настапите.
Вики Клинчарова