799
Откако ги објавија првичните резултати од пресметките на партијата, според кои СДСМ има освоено 52, а ВМРО ДПМНЕ би требало да освои 51 пратенички места, Социјалдеморкатите повикаа на прослава.
-Ве повикувам сите заедно да одиме пред Владата на Република Македонија и заедно да ја славиме победата! – рече Стефан Богоев на прес-конференцијата во партиското седиште.
Истовремено пак, Државната изборна комисија објави нови резултати според кои ВМРО-ДПМНЕ се уште води за 5 проценти пред СДСМ.
Резултатите се менуваат од минута во минута.