Дури 58 отсто од младите во Македонија се невработени. Затоа заминуваат во странство со билет во еден правец. Бројката млади кои заминуваат расте буквално секој ден, изјави денеска потпретседателот на младите од СДСМ, Дарко Каевски.
– Средношколците се под притисок на екстерно тестирање. Власта, ментално и психички ги оптоварува младите со бесмислено тестирање кое не го валоризира ангажманот ниту на учениците ниту на професорите. Кога ќе завршат со таа голгота, голем дел треба да помине низ уште една: Руинирани студентски домови во кои до соба се доаѓа само со партиска книшка, како „придобивка“ за младите од власта на ВМРО ДПМНЕ. Имаме високи партиципации за студирање за кои нашите родители и последниот денар од својот џеб го даваат, некои дури и се задолжуваат, со верба дека нивните деца ќе изградат сигурна и безбедна иднина во нашата земја. Дури 75 проценти од младите сакаат да заминат од Македонија – смета Каевски.