Утре финални резултати за листерија во сувомеснатите производи

by Фокус

Агенцијата за храна и ветеринарство утре ќе ги објави финалните резултати од лабораториските испитувања на сувоменсатите производи од „Екстра меин“.

– Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство зедоа мостри за лабораториско испитување од спорниот производ – сечкан свински врат, од работните површини, машините и од сите други места во погонот на оваа компанија, за утврдување на евентуално присуство на листерија. До Агенцијата за храна и ветеринарство, до сега се пристигнати комплетните резултати од извршените испитувања на мострите во лабораториите на Факултетот за ветеринарна медицина, како и дел од резултатите од анализираните мостри во Институтот за јавно здравје – се вели во соопштението објавено на сајтот на агенцијата.

Медиумите, пак денеска објавија дека по анализата на спорниот производ направена во лабораторијата на Факултетот за ветеринарна медицина не е најдена бактеријата листерија.

Поврзани новости