Грците пред големо археолошко откритие, се шпекулира со гробот на Александар Македонски

by Фокус

Грчкиот премиер Антонис Самарс денеска изјави дека археолозите во северна Грција се пред откривање на многу важна гробница. Тој ова го кажал при посетата на археолошкото наоѓалиште Амфиполис.

Весникот „Екатимерини“ шпекулира оти можеби станува збор за местото каде се погребани Александар Македонски, неговата жена Роксана или пак нивниот син Александар IV.

ekathimerini.com   Samaras expects  exceptionally important find  at Ancient Amphipolis

Како што пренесува весникот, археолозите ископувале две години на локалниот рид Каста и откриле уникатна гробница која датира од последната четвртина на 4. век  пред нашата ера. Античкиот град Амфиполис бил формиран како атинска колонија во 437 година П.Н.Е, а Филип Втори го освоил по речиси еден век. Овој археолошки сајт е познат по четириметарскиот споменик Лавот од Амфиполис.

Поврзани новости