Во интервјуто за „Дојче Веле“, министерот за надворешни работи, Никола Попоски, призна дека во Македонија не се спроведуваат никакви реформи, дека судството и институциите се партизирани, дека нема медиумска слобода. Дополнително, Поповски признава дека власта не може да одговори на предизвиците што ги отвори бегалската криза, се вели во соопштението на СДСМ.
Според партијата, спуштањето на оценката на билатералните односи со Македонија од страна на една од најзначајните земји членки на ЕУ, Германија, е уште една потврда дека Никола Груевски е меѓународно изолиран и дека тоа нанесува директна штета на земјава.
-Задоволително два, искажано со диполоматски речник, во реалноста значи „незадоволително еден“. Фактот дека германската канцеларка Ангела Меркел ја избегна Македонија при нејзината посета на земјите од Западен Балкан уште еднаш го потврдува тоа. Впрочем и последниот скандал со македонската амбасадорка во Хрватска го покажува ниското ниво и катастрофалната состојба во којашто е доведена македонската дипломатија, се нагласува во реакцијата.