НДП: Премиерот сака да воведе диктатура

by Фокус

Од Националната Демократска Преродба посочуваат дека вчерашната изјава на премиерот на земјата во врска за измените на изборниот модел е уште еден дополнителен аргумент дека политиката во Македонија има потреба од тотална интервенција, доколку сакаме да одиме кон европскиот пат.

-Изјавата на премиерот на земјата, победникот на изборите да и бидаат загарантирани 17 пратеници со објаснување една политчка партија, или пак етничка заједница, да не може да го условува формирањето на владата, е една од најзаоставените и дискриминирана изјава врз сите народи кои живеат во земјата, нарочито врз албаниците, велат од партијата.

Оттаму нагласуваат дека изјавата на премиерот на земјата бара заслужен одговор од сите политички субјекти во земјата бидејќи да изјавиш дека наредните влади треба да се формираат само од една партија, води кон една диктатура невидена од пред неколку векови.

-Национална Демократска Преродба нагласува дека владата на Македонија, сега или никогаш, има потреба од застапување од поголем политчки и етнички колорит, и што поширок колорит да имаме толку поголема ќе биде одговорноста и отчетноста, нешто што на земјата и недостасува за 25 години на плурализам. Национална Демократска Преродба нагласува дека политиката во земјава не треба да се гледа како арена за бокс меѓу две македонски партии, каде една со друга се предизвикуваат кој има повеќе страв од победникот или губитникот. Овој предизвик е многу низок и има потреба за итна интервенција од страна на меѓународниот фактор додека не е касно, во спротивно последиците ќе бидат многу тешки за народот во земјата, се вели во соопштението на НДП.

Поврзани новости