Фабиус: Мигрантската криза во Македонија бара брза реакција

by Фокус 10:58
10:58

 

Мигрантската криза во Македонија треба да се реши без натамошно одложување, изјави министерот за надворешни работи на Франција Лорен Фабиус.

Шефот на француската дипломатија вчера по средбата во Прага со неговиот чешки колега Лубомир Заоралек рече дека министрите за внатрешни и за надворешни работи на државите членки на ЕУ ќе разговараат за проблемот со мигрантите кои во се поголем број пристигнуваат во Македонија.

- Advertisements -

Само во последните два месеца од Грција во Македонија влегле околу 45.000 мигранти, повеќето од Сирија, Авганистан, Ирак и Пакистан.

Официјалните бројки на пограничната агенција на ЕУ, Фронтекс, покажуваат дека во јули во земјите од ЕУ влегле 107.500 мигранти. Нивни најпосакувани одредници се Австрија, Германија, Велика Британија и Шведска.

Поврзани новости