Опозициската СДСМ реагираше откако Државната изборна комисија го поништи ветото на заменик-министерот за финансии, Кире Наумов,и и даде дозвола на Владата утре да се задолжи за нови 100 милиони евра. Според СДСМ, ова е доказ дека државата се задолжува за да исплаќа плати, пензии и социјална помош.
Како што рече Заев, Никола Груевски официјално признал целосен пораз на сите политики што ги водеше во изминатите 10 години.
-Во изминатите десет години, Груевски потроши 25 милијарди евра од Буџетот, пари на граѓаните, а ја доведе државата во ситуација да не може да исплати плати и пензии. Каде се парите на граѓаните коишто со години плаќаат даноци, и други даваччки? Како е можно да нема пари за плати и пензии а да се потрошат 630 милиони евра за споменици? Ако нема пари за плати и пензии тогаш Никола Груевски нема што да чека, веднаш треба да престане со непродуктивните трошења на парите, како што се ЛЕД телевизирите од 1 милион евра на пример, изјави Заев.
Опозицијата побара објаснување од Државната изборна комисија врз основа на што донела заклучок дека новото задолжување нема да влијае на изборите и го поништила ветото на Наумов.