СДСМ: Поминаа 3 години откако Јанкулоска се обиде да го скрие убивството на Нешковски

by Фокус

Поминаа три години од денот кога целата јавност слушна како ВМРО-ДПМНЕ го злоупотребувало Министерството за внатрешни работи и како поранешната министерка Гордана Јанкуловска се обидува да го сокрие убиството на Мартин Нешкоски и како се нервира откако не успеала да го сокрие бруталното убиство на младо момче во центарот на Скопје.

Ова го соопштија од СДСМ како реакција кон настапот на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, кој изјави дека пред 3 години на овој ден дивите орди на СДСМ, во обид да влезат во владата, нападнаа полицајци.

„Јавноста никогаш нема да ги заборави злоупотребите на ВМРО-ДПМНЕ кон припадниците на полицијата и никогаш повеќе нема да дозволи такво нешто да се повтори. ВМРО-ДПМНЕ секојдневно покажува дека нема капацитет да ги надмине политиките на омраза, поделби, насилство и закани што беа одлика на Никола Груевски“, велат од СДСМ.

Од таму потенцираат дека процесот на реформи и ослободување на институциите започнати од Владата предводена од СДСМ обезбедува професионализација и департизација на МВР.

„Денес, МВР работи независно, професионално и неселективно во одржување на безбедноста. Полицијата повеќе не е инструмент на ниту една партија туку е вистински сервис, заштитник и пријател на граѓаните и секојдневно ја враќа довербата којашто 11 години беше постојано поткопувана“, стои во соопштението.

Поврзани новости