Арсовски: Дивите орди на Заев и Спасовски пред 3 години напаѓаа полицајци за да влезат во владата

by Фокус

Поминаа 3 години откако дивите орди предводени од Зоран Заев и Оливер Спасовски на 5 мај 2015 година се обидоа насилно да влезат во Владата и ги напаѓаа полициските службеници кои го обезбедуваа објектот на владата и ги извршуваа своите задачи, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

-Јавноста, а посебно припадниците на министерството за внатрешни работи нема да заборават дека на денешен ден пред три години во насилните протести беа повредени дури 38 полицајци, од кои 6 посериозно. Само луѓе без образ, како што се Зоран Заев и Оливер Спасовски сега присуствуваат на свечености на кои што полицијата го одбележува својот ден 7 мај, а само пред три години организираа протести на кои ги каменуваа, им фрлаа запалени контејнери, ги гаѓаа со бехатон плочки, ги тепаа со шипки и слично – рече Арсовски.

Според него, откако СДСМ дојде на власт криминалот царува по улиците, каде се случуваар убиства, рекет, уцени, запалени возила…

-Неспособното раководство на СДСМ, од друга страна не може да обезбеди подобри услови за полициските службеници кои секојдневно ги жртвуваат своите животи. Се ветуваа плати од 100.000 денари за докторите, но покачување на платите на полициските службеници, сеуште нема – истакна Аросвски.

Поврзани новости