СДСМ: Полтронот од ГДОМ искористен за потсмев во јавноста

by fokus

СДСМ назначувањето на Оливер Андонов за министер за внатрешни работи на еден ден го оцени како вовлекување во жива кал на полтроните околу себе од страна на Никола Груевски.

-Полтронот од ГДОМ Оливер Андонов, министерот еднодневка, без да биде прашан служи за потсмев во јавноста за тоа што стана в.д. Чавков неколку часа. А пратеничката група мораше овој срам да го гласа. Осомничениот Никола Груевски е толку во паника од 11 декември и од правдата која го стасува што веќе не може да види ниту колку му е провиден секој потег. ВМРО-ДПМНЕ се распаѓа по сите шавови. Веќе не можат да најдат жртва за лудостите ниту во редовите на партијата, па мора да ги „горат“ кадрите што долго време и ги продаваа на јавноста како независни експерти, велат од СДСМ.

Од опозициската партија додаваат дека Македонија ќе биде слободна земја и тоа не зависи од Никола Груевски и неговите полтрони.

Поврзани новости