Денеска ќе се изгласа преодната влада

by fokus

На денешната собраниска седница пратениците ќе гласаат за избор на новата преодна влада која беше договорена како еден од условите за одржување на избори на 11 декември.

Преодната влада ќе функционира 100 дена пред изборите, односно од денеска па до 11 декември. СДСМ во оваа влада ќе ги добие министерските места во секторите внатрешни работи и труд и социјална политика, како и дополнителни заменици министри за финансии, информатичко општество и администрација и за земјоделство.

На вчерашниот конгрес, опозициската партија одлучи на овие места да ги назначи истите кадри кои беа дел и од претходната преодна влада, односно Оливер Спасовски за министер за внатрешни работи, Фросина Ременски е кандидатка за министерка за труд и социјална политика, Кире Наумов кандидат за дополнителен заменик министер за финансии, Александар Кирацовски кандидат за дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација и Љупчо Николовски кандидат за дополнителен заменик министер за земјоделство, водостопанство и шумарство.

Поврзани новости