СДСМ назначувањето на Оливер Андонов за министер за внатрешни работи на еден ден го оцени како вовлекување во жива кал на полтроните околу себе од страна на Никола Груевски.
-Полтронот од ГДОМ Оливер Андонов, министерот еднодневка, без да биде прашан служи за потсмев во јавноста за тоа што стана в.д. Чавков неколку часа. А пратеничката група мораше овој срам да го гласа. Осомничениот Никола Груевски е толку во паника од 11 декември и од правдата која го стасува што веќе не може да види ниту колку му е провиден секој потег. ВМРО-ДПМНЕ се распаѓа по сите шавови. Веќе не можат да најдат жртва за лудостите ниту во редовите на партијата, па мора да ги „горат“ кадрите што долго време и ги продаваа на јавноста како независни експерти, велат од СДСМ.
Од опозициската партија додаваат дека Македонија ќе биде слободна земја и тоа не зависи од Никола Груевски и неговите полтрони.