СДСМ продолжува да објавува скандалозни снимени материјали на кои, тврдат, дека се слушаат гласови на преставници на власта.
На некои снимки се слуша како се договарале да се расипуваат лифтови низ станбени згради во Скопје. И во тоа учествувале вработени во ЕВН. Јанакиевски и Тодоров зборуваат на едната снимка колку ги притискале своите гласачи да излезат на избори. Јанакиевски најавува дека ќе се исклучуваат лифтовите механички. Тодоров, иако смета дека е касно за тоа, оти времето за гласање изминало, сепак Јанакиевски у уверен дека исклучувањето на лифтовите ке помогне, со тоа ќе спречат гласачи да излезат на изборите и да гласаат за противничкиот канидадат.
Во друг разговор Јанкуловска и Кирил Божиновски зборуваат за полициски работник на кој му спремаат преместување на работно место. Полицаецот бил претседател на општнска организација и како полицаец имал влијание, но тоа им смета на Божиновски и Јанкуловска. Затоа тие, според снимката, договараат да го избркаат од работа, а Божин0вски се согласува со тоа. Разговорот содржи и погрдни зборови против полицаецот кого власта го смета за политички непријател.
Понатаму, Мијалков и Јанакиевски зборуваат за некое лице кое треба да оди кај Жерновски во посета. Мијалков е заинтересиран да му постават микрофон и да снимаат. Лицето да му се пушти на Жерновски со намера да го навлече на криминал.