Одлуката на Судот, Мирослав Шиповиќ да се брани од слобода е уште еден доказ како власта на Никола Груевски, преку узурпираното судство, си поигрува со човечки судбини за да го оствари својот политички интерес, изјави денеска генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.
– СДСМ од самиот почеток на овој политички прогон апелираше Шиповиќ да се брани од слобода изразувајќи убеденост во неговата невиност. За жал, политичкиот прогон врз Шиповиќ за блокада на Општина Центар, го чинеа цели 8 месеци поминати во притвор. Шиповиќ ниту еден ден не требаше да помине во притвор, одделен од своето семејство и најблиските. Но, очигледно намерата да се згази волјата на граѓаните на Центар и да се блокира работата на Општина Центар за власта е поважна -смета Спасовски.