Грчева и Буралиева не ја информирале партијата дека остануваат пратенички

by Фокус

СДСМ нема инфорамции оти две пратенички од неговата партија, Солза Грчева и Љубица Буралиева решиле да ги повлечат оставките во Собранието, изјави денеска генералниот секратар на партијата, Оливер Спасовски.

– До овој момент, ниту еден од кандидатите за пратеници ја нема информирано партијата дека не ја почитува оваа одлука на партијата, на највисоките тела, Централниот одбор и Конгресот на Социјалдемократскиот сојуз. Се додека не добиеме такви информации не можеме да коментираме во однос на овој дел. Затоа ве информираме дека досега немаме таков податок – изјави Спасовски.

На новинарското прашање зошто тогаш пратеничките веќе се изјасниле на Фејсбук, тој посочи дека ќе треба тие да се прашаат. А на прашањето дали раководството на СДСМ ги премисли Грчева и Буралиева да се повлечат, тој одговори:

– СДСМ донесе одлуки на највисоките тела на партијата, на Централниот одбор и на Конгресот. При поднесувањето на оставките сите 33 кандидати поднесоа оставки до Собранието на Република Македонија, со што се испочитува одлуката. Немаме дополнителни информации како понатаму ќе се однесува секој од кандидатите.

Според Спасовски Грчева и Буралиева сѐ уште се членови на СДСМ.

Поврзани новости