Телото на момчето од сообраќајката со Урко испратено на обдукција

by fokus

Надлежен јавен обвинител од скопското Јавно обвинителство утрово издаде наредба до Институтот за судска медицина за обдукција на телото на мотоциклистот, 22-годишниот С.А., кој им подлегна на повредите по тешката сообраќајна несреќа што се случи на минатата недела кај Рампа во Кисела Вода.

-Обвинителството ја очекува комплетната документација за сообраќајната несреќа од Министерството за внатрешни работи – записниците од извршениот увид, скиците, резултатите од извршените анализи и изводите од техничкиот преглед на возилата, се вели во соопштението од Обвинителството.

22-годишното момче кое се бореше за живот по сообраќајната несереќа во која учествуваше Дејан Митровски – Урко, почина утрово во 7.30 часот. Момчето пет дена беше приклучено на апарати.

Поврзани новости