СДСМ поднесе преставка до Женева бидејќи власта ги крши работничките права

by Фокус

Комисијата за образование и наука на СДСМ подготви официјална претставка до Меѓународната организација на трудот, во Женева, во врска со прекршувањето на одредбите на Конвенциите 87 и 98 за слободата на здружување и колективно договарање. Претставката се однесува на измените во Законите за основно и за средно образование со коишто власта предвиде замена на наставниците кои штрајкуваат со други наставници, што е спротивно на Уставот и законите.

– Овие конвенции Република Македонија ги ратификуваше уште во 1991 година. СДСМ како левичарска партија и натаму ќе ги поддржува сите барања за унапредување на правата на работниците, условите за работа и статусот на вработените во државниот сектор. Оостро се спротивставуваме на какви било обиди за изигрување на правото на штрајк на вработените во образованието, како и политички игри и злоупотреби на ова право – истакна Петар Атанасов, претседател  на Комисијата за образование и наука на СДСМ.

 

 

Поврзани новости