СДСМ поднесе кривични против Димитриев, Попоски, Тодоров и Канческа Милевска

by fokus 15:34
15:34

СДСМ денеска поднесе кривични пријави против Емил Димитриев, Никола Попоски, Никола Тодоров и Елизабета Канческа Милевска поради прекршување на изборниот законик.

-Во изборниот законик јасно е наведено дека функцијата пратеник е неспоива со функцијата министер, и дека од денот на верификација на мандатот за пратеник, функцијата министер им престанува по сила на закон, и во таквиот случај министерствата не остануваат без раководно место бидејќи нивното раководење го презема заменикот министер, изјави Петре Шилегов.

Тој појасни дека паралелното вршење на двете функции, пратеник и министер, е спротивно на македонските закони и претставува прекршување на службените положби и овластувања.

Поврзани новости