СДСМ: Лага е дека Иванов постапил по примерот на Глигоров

by fokus 15:31
15:31

Ѓорге Иванов ги лаже граѓаните на Македонија, тој го додели мандатот на Никола Груевски без да му бара потпис од 61 пратеник и да поставува услови за програмата и оттука нема право тоа да го бара од претседателот Заев, реагираат социјалдемократите.

Лажна е веста, вели СДСМ, дека Иванов постапил со доделувањето на мандатите, како што постапил претседателот Глигоров во 1992 година.

- Advertisements -

„Во прилог е соопштението од Кабинетот на претседателот Киро Глигоров од 1992 година. Тоа покажува дека претседателот Глигоров го доделил мандатот на второпласираната партија на тогашните избори, без да бара да му бидат приложени потписи од 61 пратеник и да поставува услови за програма, како што тоа го направи Иванов со барањето до претседателот Заев. Единствено што побарал тогаш претседателот Глигоров од второпласираната партија на изборите е, цитираме, „да посочат кандидат кого Претседателот на Републиката би го определил за мандатор за состав на Владата на Република Македонија““, реагираат од СДСМ.

Поврзани новости