СДСМ поднесе барање до Собранието за свикување итна седница

by Fokus

Пратениците на СДСМ поддржани со потписите на нивни колеги од НСДП, ЛДП, Алијансата на Албанците, ДПА, Беса, Алтернатива и пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ претпладнево до Собранието поднесоа барање за свикување итна седница за да се потврдат одлуките за прогласување вонредна состојба поради пандемијата со Ковид-19 од страна на претседателот на државата.

Иницијативата е доставена до архивата на Собранието, а потоа од таму ќе биде испратена во Кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери. Нема информации како ќе постапи Џафери по добивањето и разгледувањето на Иницијативата, за што исто така нема пропишан рок односно дали ќе ја достави до другите пратеници и дали и кога ќе свика седница.

Поврзани новости