Пратеничката група на СДСМ денеска побара да се распушти парламентот, потврди за „Фокус“ Петре Шилегов, портпаролот на социјалдемократите.
Претходно и партијата на Павле Трајанов до Собранието на Република Македонија достави предлог-одлука со која побара законодавниот дом да се распушти, со што ќе се создадат уставни можности за изборите да се одржат на 11 декември 2016 година.
„Во согласност со договорот од 31 август 2016 година, четирите партии констатираа дека има услови за одржување предвремени парламентарни избори, при што како датум го определија 11 декември. За подготовка на сите партии за учество на изборите неопходен е период од најмалку два месеци, поради што предлагаме распуштање на парламентот во текот на денот“, соопшти ДС.
Во меѓувреме и владејачката ВМРО-ДПМНЕ го повика СДСМ да побара распуштање на парламентот.