Студентскиот пленум вечерва организира отворен Пленум за сите студенти

by fokus 12:15
12:15

Студентскиот пленум за вечерва од 18 до 20 часот закажа отворен Пленум за сите студенти на кој ќе биде разговарано за можни решенија за студентските проблеми.

-По одржувањето на референдумот, Сенатот на УКИМ мора да го следи мислењето на студентите. Но, бројноста на студентите роди нова искра за квалитетно студентско организирање, кое ќе работи за потребите на студентот и подобрување на неговиот стандард. Досега слушнавме голема бројка на проблеми со кои студетите секојдневно се соочуваат. Затоа мислиме дека е време да се собереме на едно место и заедно да ги дискутираме и одлучиме за начини за нивно решавање. Секој студентски дом, секоја неправедност нанесена од факултетскиот кадар, секоја студентска бенефиција може да биде решена доколку студентите се сплотени под заедничкото решение. Дојдете да го осмислиме решението! Кажавме НЕ на корумпираниот систем, но борбата уште трае! ЌЕ БИДАТ ПРИТИСКАНИ СЕ ДОДЕКА СЕКОЈ СТУДЕНТ НЕ СПИЕ ВО НОРМАЛНИ УСЛОВИ! ДОДЕКА СЕКОЈ ФАКУЛТЕТ НЕ РАЗБЕРЕ ДЕКА НЕ Е НИШТО БЕЗ СТУДЕНТИТЕ!, се вели во повикот на Студентскиот пленум.

- Advertisements -

Поврзани новости