Партиските послушници во Уставниот суд, Елена Гошева, Јован Јосифовски и Никола Ивановски нема да го спасат Никола Груевски од одговорност за изборните измами, порачуваат од СДСМ и велат дека јавноста дозна за партиската поврзаност на Гошева и Јосифовски со ВМРО-ДПМНЕ.
– За братот пак на судијата Ивановски е поднесена кривична пријава пред три години, а се уште не се знае ништо за неа. Ќерката на претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева, Слободанка е директорка за регулатива и големопродажба во Телеком, каде што главен извршен директор е кумашинот на Сашо Мијалков, Жарко Луковски. Слободанка Гиевска односно Гошева била потпретседателка на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ, УМС. Сопругот на Слободанка е Игор Гиевски, поранешен претседател на УМС на ВМРО- ДПМНЕ, сега член на Управниот одбор на ЕВН, именуван од владата. Нејзиниот татко, односно сопругот на Елена Гошевска, Ѓорѓи Гошев, бил поранешен директор на Студентскиот центар, назначен од ВМРО-ДПМНЕ. Другата ќерка на Елена Гошева, Бојана Гошева, работи во Агенција за електронски комуникации. Јован Јосифовски и неговото семејство се исто така тесно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ – се наведува во соопштението од СДСМ.