Марјановиќ: Одлуката на Уставниот суд е голема срамота

by Фокус

Апсолутно сум против оваа одлука на Уставниот суд. Со еден збор би кажал дека е ГОЛЕМА СРАМОТА што Уставниот суд не собра сила да се спротистави на предлогот што толку бргу го зеде во разгледување, речиси непосредно пред изборите што не’ очекуваат. Ваков е ставот на универзитетскиот професор Ѓорѓе Марјановиќ во интервју за Фактор. Според него, досега државата имала политичка и морална криза, а сега и е во длабока уставна криза.

– Токму таа нивна брзина во одлучувањето како да ни’ испраќаше сигнали каков ќе биде и нивниот одговор, знаејќи каков е партискиот „бекграунд“ на дел од судиите во овој суд. Се’ ми се чини дека со ова самата власт признава дека имала искуство во изборните манипулации, и истите ги стекнала при поранешните избори, па сега сака своите миленици – учесниците во овој криминал од минатите избори – да бидат помилувани од претседателот. Ја споменувам власта, затоа што е толку јасно кој стои зад ваквиот предлог – истакна Марјановиќ.

Тој прашува, како тие исти судии би реагиралe кога жртва на педофил би бил некој член од нивното потесно или пошироко семејство, дали и во тој случај би имале милост кон лица што им ја упропастиле иднината на жртвите.

 

Поврзани новости