ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што парите на граѓаните веќе не завршуваат кај нивната фамилија, не се трошат на криминални тендери и сомнителни оф-шор шеми за лично богатење на поединци, велат од СДСМ, реагирајќи на соопштението на ДПМНЕ дека додека економијата тоне, премиерот Зоран Заев заминал на одмор.
Од владејачката партија велат дека во последните две години низ одговорен и домаќински пристап, преку низа мерки обезбедува повеќе пари во секое семејство, кај секој граѓанин.
Притоа, од таму наведуваат дека минималната плата порасна од 9.000 денари во 2016 одина на 12.500 денари во 2019 година, просечната пензија порасна за 826 денари, воведена е евтина тарифа на струјата, намалени на казните за фимите, укината е радиодифузната такса, намалени се трошоците за нотари, извршители, социјалната помош расте, решен е проблемот на над 10.000 стечајци итн.
„Сето ова се мерки што обезбедуваат повеќе пари и повисок животен стандард за граѓаните. Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на одговорни политики што обезбедуваат економски раст, нови работни места, намалени трошоци за живот и повеќе пари кај секој граѓанин“, велат социјалдемократите.