СДСМ: Одлуките на Уставниот суд ги носи Груевски, а не судиите

by Фокус 14:07
14:07

Денешната одлука на Уставниот суд за времено запирање на сите активности поврзани со изборите, како и останатите одлуки на Судот ги носи Груевски, а не судиите, изјави Рената Десковска од СДСМ. Според нејзината партија, институциите ги менуваат своите ставови онака како што и одговара на владејачката коалиција со што го добиваат епитетот „подјармени“ институции, додека државата е во правна криза.

-Како што Груевски ги менува ставовите според своите потреби, така се менуваат и ставовите на Уставниот суд. Луѓето што седат во институциите се спремни да се „посипат со пепел“, да реферираат и да се предомислуваат. Денешната одлука на Уставниот суд создава само привид дека со неа се отвора пат за решавање на кризата. Се додека Уставниот суд одлучува во зависност од тоа, кое копче ќе го притисне врхушката на власт, нашата земја е во сериозен проблем, рече Десковска.

- Advertising -