САД: Под итно да се поништи аболицијата

by Фокус

Одлуката на Уставниот суд отвара пат за свикување на Собранието за да се откажат изборите на 5 јуни.  Ова пак, претставува обновена можност за Собранието и за политичките лидери, да покажат на дело дека се силно посветени на Пржинскиот договор и неговите начела — владеење на правото, одговорност, инклузивност и кредибилни избори. Оваа рамка и понатаму претставува најдобар начин за земјата да излезе од сегашната криза.

Поништувањето на помилувањата од 12 април треба да се направи итно и на начин на кој ќе се зачува начелото на одговорност, ќе се избегне селективна примена на правдата и ќе се неутрализира сериозната загриженост во врска со неказнивоста. Основно демократско начело е дека сите граѓани треба да бидат еднакви пред законот. Политичките партии треба недвосмислено да го поддржат Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Непреченото работење на СЈО е клучно за да се утврди одговорноста за можни злоупотреби поврзани со прислушувањата и за надминување на сегашната криза.

Претстојат тешки реформи. Процесот на реформи мора да биде инклузивен и да ги вклучи перспективите на опозициските партии и граѓанското општество. Ваквата инклузивност е клучна за воведување и воспоставување на  системот на проверки и рамнотежа, систем што е одлучувачки во демократијата.  Соединетите Држави нема да поддржат пристапи  што не ги почитуваат овие принципи.

Ветувања за реформи или искази за намера нема да ја вратат земјата на евро-атлантскиот пат.  Делата ќе го сторат тоа.