-Додека граѓаните мака мачат со сиромаштијата и над 180 илјади граѓани живеат со само 40 денари на ден, ВМРО-ДПМНЕ се расфрла со милиони. Во 2014 година, за само една година, ВМРО-ДПМНЕ има купено имот вреден 11 милиони евра! Од каде наоаѓа ВМРО-ДПМНЕ милиони евра за да се расфла со пари?, прашуваат денеска од СДСМ.
Од СДСМ велат дека за граѓаните и за секој чесен човек во Македонија е неразбирливо од каде една политичка партија, ВМРО-ДПМНЕ, има милиони евра.
-Денеска 1.000 рударски семејства останаа без леб а ВМРО-ДПМНЕ се расфрла со пари за партиски реклами. Илјадници евра дневно троши ВМРО-ДПМНЕ за партиски реклами во електрноските и печатените медиуми за виртуелната реалност во којашто живее врвот на партијата. Додека граѓаните мака мачат со сиромаштијата и над 180 илјади граѓани живеат со само 40 денари на ден, ВМРО-ДПМНЕ се расфрла со милиони. Во 2014 година, за само една година, ВМРО-ДПМНЕ има купено имот вреден 11 милиони евра, се вели во соопштението на СДСМ.