Прегазено дете пред училиште во Влае

by Фокус

Единаесетгодишно дете попладнево било удрено од автомобил пред самиот влез на основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае, по што се здобило со тешки телесни повреди и било пренсено во болница.

Сега момчето е во стабилна состојба, а имало скршеница на надлактицата и по направените неопходни компјутерски снимања е хоспиталирирано на Детска хирургија.

Според полицијата, момчето биле удрено од автомобил марка „Шевролет“ упавувано од Б.Т. (1955), а сообраќајката се случила на улицата „Ангел Динев“.

Поврзани новости