10 прашања што заслужуваат одговор пред било кој да предложи идеја за програмата на ДПМНЕ

by lali 21:08
21:08
  1. Како ќе се справите со најголемото задолжување во историјата на Македонија што вие го создадовте?
  2. Како ќе се справите со невработеноста во Македонија која е со највисока стапка на невработеност во Европа?
  3. Како ќе ги зголемите платите што се најниско рангирани на Балканот?
  4. Како ќе ја решите бројната, а неефикасна администрација?
  5. Како планирате да привлечете странски инвестиции во Македонија која е држава со најниски странски инвестиции во регионот?
  6. Како ќе ги вратите назад 600 000 иселени лица кои ја напуштија Македонија во периодот на вашето владеење?
  7. Како ќе го подобрите здравството кое е рангирано како најлошо во Европа?
  8. Како ќе го справите со загадниот воздух во голем дел од македонските градови кои се на врвот од листите по загаденост во Европа
  9. Каде ќе ги вратите дрвјата што ги исековте?
  10. Каде се парите?

 

Како партија која е 10 години на власт, би било фер да одговорите на овие прашања што ги тагираат сите македонски граѓани, па потоа со задоволство ќе може да дискутираме за идеите во вашата преизборна програма.