Заврши сведочењето на Груевски, нема информации што точно се зборувало

by Фокус

По нешто повеќе од 4 часа, предмалку заврши сведочењето на премиерот Никола Груевски пред Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето. Сепак, никој од присутните на седницата не даде одговор за што точно се разговарало и какви биле одговорите на премиерот. Тој изјави дека им ја кажав вистината во очи и одговарал совесно и одговорно.

-Одговорив на сите прашања. Добар дел од нив немаа доволно прашања затоа што се исцрпеа прашањата кои сакаа да ги постават. Тоа се одговори што веќе сум ги споделил со јавноста. Покрај оваа Анкетна, ќе следи вистинската, онаа на народот на 24-ти април. Одговорив совесно и на време дојдов да им ја кажам вистината во очи на оние кои сакаат да ја искриват, изјави Груевски по завршување на сведочењето.

Претседателот на Комисијата, Петре Шилегов, рече дека да можело информациите да се објават, ќе излегла добра хумористична серија.

-Сведочевме на торпедирање на Анкетната Комисија извршено од страна на Груевски кој одбра медиумите и јавноста да бидат исклуичени од давањето изјави. Жално е што доносот на Никола Груевски е таков. Информациите не беа класифицирани, не му требаше совршен мир за да одговра, а и да беа присутни медиумите секако ќе го имаше, пршањата беа за содржините од прислушуваните материјали, но согласно Законот не би можел да давам изјави во јавноста, изјави Шилегов.

Премиерот Никола Груевски, кој беше прв сведок повикан да сведочи пред Комисијата, денеска инсистираше новинарите да ја напуштат седницата за тој да сведочи, бидејќи сакал да сведочи „во мир“. Исто така, по барање на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, седницата беше затворена за јавноста.

Поврзани новости