СДСМ: Очекуваме да се повлече законот за забрана на објавените бомби

by Фокус

Лидерот на опзицијата, Зоран Заев, во изјава на НОВА ТВ вели дека СДСМ се согласува дека треба да се стави забрана за идно објавување на нови бомби за да не се злоупотребат снимките, но смета дека веќе објавените материјали не треба да се бришат.

-Очекуваме да се повлече предлогот. ДБК и Мијалков имаат тројно повеќе материјали, катастрофа е да бараат ВМРО-ДПМНЕ И ДУИ да не се објавуваат бомбите, но и да се бришат што практично значи бришење на колективната меморија на народот. СДСМ се согласува дека треба да се стави забрана за идно објавување за да не се злоупотребат снимките, но веќе објавените бомби мора да бидат ставени на маса и за нив да се дебатира, согласно договорот од Пржино што подразбира и ангажирање на специјалниот обвинител, изјавил Заев за НОВА ТВ.

 

Поврзани новости