СДСМ: Нов Клинички центар е една од најголемите лаги на Груевски

by fokus

Изградба на нов, модерен и функционален универзитетски клинички центар во Скопје, најави денеска СДСМ.

„Ќе обезбедиме висококвалитетни услуги за сите луѓе во Македонија.Ќе го вратиме концептот на единствен универзитетски клинички центар во кој сите клиники ќе бидат функционално поврзани“,соопшти партијата на Заев.

СДСМ ја обвини досегашната власт дека една од најголемите лаги е најавата дека до 2 јануари 2017 годиниа, Скопје и Македонија ќе добијат нов Клинички центар, кој иако бил најавуван и ветуван од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски и министерот Тодоров во 2014, денеска реалност се само тарабите.

„Ја нема ни ветената Клиничка болница во Штип, најавената реконструкција на болница во Струмица, во лоша состојба се болниците во Прилеп, Охрид, Битола и речиси сите здравтсвени домови низ земјава во коишто нема основни услови за функционирање“, соопштија денеска од СДСМ додаваќи дека ќе работат по програмата „План за живот“на која се обврзале.

Поврзани новости