Велика Британија предупредува за нови терористички напади во Турција

by fokus

Министерството за надворешни работи на Велика Британија ги предупреди жителите на државата кои планираат да патуваат во Турција за можност од нови терористички напади во државата.

Постои зголемена закана од терористички напади во авијациски објекти во Турција, се вели во соопштение.

Министерството наведува дека и покрај успешните напори на турските органи за безбедност, „можни се нови терористички напади насочени кон западни интереси и туристи од западни држави особено во големите градови”.

Поврзани новости