Шарената револуција во 12 часот ќе блокира крстосници во Скопје

by Fokus

Граѓани кои протестираат како дел од Шарената револуција и граѓанската иницијатива „Протестирам“ денеска во 12 часот ќе блокираат неколку крстосници во Скопје.

„Ова е блокада за правда и слобода. Ова е блокада против аболиции за криминалци. Ова е блокада за граѓанскиот глас да продре подлабоко во системот кој е окупиран од режим. Ги замолуваме сите граѓани за трпение и за поддршка! Ако се соочите со блокада, приклучете се, свирнете за поддршка, свирнете за себе и за слободна Македонија“, порачуваат од Шарената револуција.

Поврзани новости