СДСМ: Ние сме за избори на 11 декември, власта ги минира

by fokus

-Информациите за промена на расположението кај граѓаните кои од ден на ден се повеќе се противат на погубните политики на обвинетиот Никола Груевски допираат и до ВМРО-ДПМНЕ. Токму затоа паниката кај ВМРО-ДПМНЕ и Груевски од соочување со граѓаните станува се пооочигледна, стои во реакцијата на СДСМ откако ВМРО ДПМНЕ оцени дека писмото што Заев го испратил до амбасадорите е знак дека СДСМ е свесен за поразот на избори и прави обиди тие да се одложат.

Токму затоа, велат од СДСМ, ВМРО ДПМНЕ прават се за да не се дојде до избори и до понесување одговорност.

-Токму затоа сите делувања на ВМРО-ДПМНЕ се во насока на минирање на изборите закажани за 11 декември. И токму затоа претседателот на СДСМ Зоран Заев упати писмо до амбасадорите во кое укажува на намерите на ВМРО-ДПМНЕ за саботирање на претстојните избори. СДСМ е решен изборите да се случат на 11 декември и од тоа не отстапува. Изборите се неопходен исчекор кон надминување на политичката криза и кон градење на демократски капацитет во државата, вредност која е во интерес и на СДСМ и на граѓаните на Македонија, пишуваат од СДСМ.

 

Поврзани новости