ИФЈ: Прво Кежаровски, сега Божиновски, очајна медиумска состојба

by fokus

Македонија е една од четирите земји во Европа, со новинар во затвор, a последната година се регистрирани 35 случаи со насилство кон новинари. Поради тоа, генералниот секретар на Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ), Рикардо Гутиерес оцени дека ситуацијата во Македонија е можеби најлоша од сите земји на Балканот.

– Бев тука пред три години, кога Томислав Кежаровски беше во затвор, денеска сум овде и друг колега е во притвор. Не гледам позитивно придвижување во поглед на медиумската слобода во земјата, – рече Гутиерес.

Генералниот секретар на Федерацијата денеска беше во Кочани, на средба со новинарите од регионалниот центар на ЗНМ, каде беше истакната особено лошата положба на локалните новинари. Драган Секуловски од ЗНМ потсети дека новинарот Зоран Божиновски веќе деветти ден штрајкува со глад во затвор, што е уште еден факт за вложената медиумска ситуација во државата.

Поврзани новости