Неделкова до Јанева: Немам надлежности во „Пуч“ за да знам зошто не почнува судењето

by fokus

По јавната прозивка на специјалната обвинителка Катица Јанева кон претседателката на Врховен суд, Лидија Неделкова дека таа знае зошто не започнува судскиот процес за „Пуч“ во кој обвинет е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со изјава реагираше Неделкова.

– Прочитав дека сум прозвана околу „Пуч“. но , јас немам таква надлежност. Иако ги следам судењата сепак одговорот зошто не започнува процесот е кај Основниот суд, Ние немаме надлежност за тоа зошто не почнал процесот. Никој од учесниците во тој процес не се пожалил во Врховниот суд дека се одложува судењето од некои неосновани причини.

Јанева ја спомена Неделкова како причина зошто се одолговлекува процесот оти преку „Пуч“ ќе се дознаело кој е тој што прислушувал и со каква цел. Во посочувањето на вината кон Неделкова, Јанева остави впечаток дека не мисли на процедурата и наделжностите на судовите, како што одговори Неделкова, туку дека таа го користи влијанието и позицијата, па така спречува почеток на судењето.

Поврзани новости