Социјалдемократскиот сојуз обвинува дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја копирала нивната мерка за зголемување на минималната плата.
-Лага е дека сегашното злосторничко здружение на власт ќе обезбеди минимална плата во државата од 14.000 денари на крајот на мандатот. Ја копираа токму и оваа мерка од програмата на СДСМ.СДСМ и коалицијата За живот предводена од граѓаните на крајот од мандатот којшто вие ќе ни го дадете нема да дозволиме ниту еден човек во државата , ниту еден вработен да има минимална плата под 16.000 денари- изјави денеска Љупчо Николовски во Облешево, носител на листата на коалицијата за пратеници во третата изборна единица.
Николовски тука уште еднаш ја повтори и мерката за враќање на ДДВ-то и неповратни грантови за за стимулација на домашните бизниси.