Кривична пријава за Ременски од Сојузот на синдикати

by fokus

Сојузот на синдикати на Македонија поднесе кривична пријава за министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски. Претседателот на ССМ, Живко Митревски, ја обвинува Ременски дека барањето за негова смена од претседателското место, било донесено со фалсификуван документ.

Митревски тврди дека Ременски заедно со претседателите на четири грански синдикати одржале седница на Советот на ССМ, за која не биле информирани претседателите на останатите 13 грански синдикати, а на која иницирале негово отповикување.

-Техничката министерка Фросина Ташевска-Ременски во координација со четири претседатели на гранкови синдикати направи обид за пуч и за насилна промена на претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија и раководството на ССМ, што е историски скандал од невидени размери, спротивно на основните демократски вредности и темелните меѓународни стандарди за автономност во синдикалното дејствување. Незаконското и кривичното поткопување на органите во ССМ беше спроведено со користење фалсификувана и некомплетна документација-  рече Митревски.

Освен за Ременски, кривични пријави има и за уште пет лица, за кои Митревски рече оти учествувале во „заговорот”.

Поврзани новости