Опозициската СДСМ ги демантираше информациите кои излегоа во јавноста дека партиите се блиску до договор специјалниот јавен обвинител да се избере од редот на сегашните јавни обвинители.
-Ставот на СДСМ е јасен и познат на јавноста, а тоа е нов специјален јавен обвинител со целосна автономија, кој ќе го испита нелегалното прислушување и сите дела што произлегуваат од материјалите, се вели во реакцијата на СДСМ.
Специјалниот јавен обвинител беше тема на денешните преговори меѓу претставниците на политичките партии, но тие се далеку по постигнување на договор по ова прашање. СДСМ бара специјалниот обвинител да има целосна автономија и за него да се донесе посебен закон. ВМРО-ДПМНЕ смета дека работењето на специјалниот обвинител треба да се регулира до подзаконски акти на веќе постоечките закони.