Без изјави и по средбата за специјалниот обвинител

by Фокус

Продолжува праксата претставниците на политичките партии кои преговараат за спроведување на договорот од Пржино да не даваат изјави за јавноста по завршување на средбите. Денешната средбата за специјалниот обвинител траеше три часа, а според неофицијалните информациите, кои се единствени по ваквите средби, партиите се далеку од договор.

СДСМ бара специјалниот обвинител да има целосна автономија и за него да се донесе посебен закон. ВМРО-ДПМНЕ смета дека работењето на специјалниот обвинител треба да се регулира до подзаконски акти на веќе постоечките закони.

Законот за специјален јавен обвинител треба да биде доставен до Собранието до 31 август за да може целата процедура да заврши и да се запази рокот за неговиот избор според договорот од Пржино, а тоа е 15 септември.

Поврзани новости