Социјалдемократскиот сојуз реагираше на денешниот инцидент кај градилиштето спроти Министерството за надворешни работи, каде новинарските екипи грубо беа спречени да го снимаат„ езерото” од фекалии.
-Јавноста има право да знае што се случува на локацијата кај градилиштето спроти новата зграда на МНР каде што е создаден цел базен со вода и фекалии и дали се точни неофицијалните информации дека била доведено во прашање безбедноста на работници. Нервозата на власта поради неспособноста да се справи со поплавите, не смее да биде причина да се спречуваат новинарите професионално да си ја вршат работата и да ја информираат јавноста – велат од СДСМ.
Од партијата додаваат со дождовите испливаа на површина и ризиците од проектот Скопје 2014-та, кој како што велат, е граден со игнорирање на предупредувањата од стручната јавност.