Снимките од дронот готови, остатоците од „Пејперот” на вештачење

by fokus

Снимките од дронот кој вчеравечер го снимаше местото на авионската несреќа кај селото Кожле ќе бидат предмет на анализа на јавните обвинители и стручните лица кои ги истражуваат причините за падот на италијанскиот  „Пејпер”.

Увидните екипи и денеска се на терен и ги подигаат остатоците од авионот кои вчера во текот на увидот биле означени и обезбедени. Тие ќе бидат пренесени на локација обезбедена од Основното јавно обвинителство, каде стручни лица ќе извршат неопходно вештачење.

Поради обемноста на материјалот и потребите на истрагата, подигањето и пренесување на материјалот ќе продолжи и во текот на утрешниот ден, велат од Јавното обвинителство.

Инаку, вчера во Институтот за судска медицина  беа пренесени телата на шестмината починати патници од авионот. По наредба на Јавен обвинител ќе биде спроведена постапка на нивна идентификација преку ДНА анализи.

Поврзани новости