СДСМ најостро го осудува претепувањето на основачот на порталот Репортер

by Фокус 11:02
11:02

Опозицискиот СДСМ најостро реагираше на синоќешното крвничко претепување на основачот на порталот Репортер.мк, Горан Наумовски Кизо и од партијата порачуваат насилниците да се преиспитаат што прават, бидејќи ниеден граѓанин не е повеќе сам.

–  Зад секого стојат илјадниците луѓе по улиците кои ја враќаат правната држава и слободата во Македонија. Кукавички е некој да посегне по физички напад, со шипки, зад грб, во ноќни часови, начекувајќи некого пред сопствениот дом, како што е тоа случајот со тешко повредениот Наумовски, кој со шиена глава, скршена рака и модро тело, според информациите што ги имаме, сè уште е во болница – се наведува во партиското соопштение.

- Advertising -

 

Поврзани новости