Петковски: Пратеничките листи се фарса, Груевски си ја спасува сопствената кожа

by Фокус

Никола Груевски е во паника и бара начин како да си ја спаси кожата да не дојде до судење и до кривична одговорност, како да си ја задржи лидерската позиција во партијата бидејќи таа е сериозно доведена во прашање, истакна Тито Петковски, лидер на НСДП.

– Нема никакви предуслови за одржување избори, не говориме веќе за фер и демократски, туку воопшто за избори. Меѓу кого ќе изберат граѓаните, меѓу Никола Груевски, Јанко Бачев или Бранко Јаневски, ова е фарса – вели Петковски.

Според него, иако листите се поднесени има правни можности да се одложат изборите – Државната изборна комисија може да не ги прифати листите, а може да ги оспори и Антикорупциската комисија.

Поврзани новости